Лиценциран Магационер

март 13, 2024

ИНВЕНИО ДООЕЛ е дел од меѓународна инженерска компанија со свои претставници во Европа, Кина, САД и Австралија. Со над триесет години искуство во областа на инженерските услуги и услугите за развој и управување на кавлитетот, нашите специјалисти учествуваат во секој еден момент од создавањето на производот. Дејствуваме како во нашaтa фирма, така и на територијата на претпријатието на клиентот.
Во врска со плановите за проширување на компанијата, ние бараме мотивирани кандидати за работната позиција магационер во автомобилската индустрија на локација на наш клиент, реон Тетово, Гостивар и Скопје.
Обврски:
• Управување со вилушкар во прераспределба на матријали и готови производи
• Учество во процесот на лабелирање на производите и преместување од една во друга зона
• Вршење прием на материјал од производство (готов производ)
• Проверување на влезни матријали и одговорност за исправност и точност на примениот материјал
• Складирање на примениот материјал на посебни локации во зависнот од организацијата на просторот
• Секојдневна контрола на залихи во магацинот
• Преквалификација на материјалот од една на друга шифра на производ согласно добиени дописи од програмирање
• Попис
• Контрола при утовар на готови производи
• Правилно и прописно утоварање на материјалот во возило
• Изготвување извештаи, внесувања, известувања и слично согласно процедурите за работа
• Одржување хигиена (чистота) во својата смена и предавање на истата исправна на наредната смена
• Спроведување на мерките за заштита при работа, пожар и екологија
• Вршење на други бизнис задачи по барање на претпоставен

Услови:
• Искутво со магациско работење
• Лиценца за управување со виљушкар
• Способност за самостојна работа и работа во тим
• Самоиницијативност и иницијативност за учење
• Флексибилност и можност за работа во смени;
• Прецизност и посветеност во работата
• Почитување на работните инструкции, стандарди за работа и инструкции предвидени за заштита при работа
Ние нудиме:
• Работа во интернационална компанија
• Обезбеден превоз
• Обезбеден оброк
• Работа во динамична атмосфера
• Атрактивна исплата;
• Можност за напредoк.
Заинтересираните кандидати можат да ја достават својата биографија на следната е-маил адреса: [email protected]

Wyślij podanie o pracę:




Scroll to Top
Scroll to Top